2win800x200

Вечерва на големата сцена - „Вујко Вања“ премиера во Битолскиот театар

Јануари 26, 2024

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола е подготвен за „Вујко Вања“, првата премиерна претстава во оваа година да ја  одигра вечерва на големата сцена „Благоја Стефановски-Баге“ .

Делото на Антон Павлович Чехов по голема пауза повторно се поставува на сцената на битолскиот театар затоа што има актуелност иако текстот е напишан во 1897 година, истакна Иван Јерчиќ, директор на НУ Народен театар-Битола.

 

-За жал и денес ништо не сме научиле од пиесите на Чехов. Премиерата е една навидум банална приказна што отвора некои длабоки човечки емоции, отвора длабоки прашања кои треба да се видат како ги презентираат нашите актери, посочи Јерчиќ.

 

Во претставата настапуваат актерите Петар Горко, Александар Димитровски, Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска Дранговска, Марија Стефановска, Никола Пројчевски и Валентин Дамчевски. МИА

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани