2win800x200

ВМРО-ДПМНЕ со обвинување-Кој доби државна работа од СДСМ Битола

Февруари 19, 2024

Интегрален текст од прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола-портпарол  Ангела Здравковска. 

Во Битола ЕВАКУАЦИЈАТА на СДС не запира, сопругот на советничката Мими Ралевска и локалниот портпарол вработени во државни институции.
СДС пред заминување не запира да ги понижува битолчани и дрско и безобразно им се оддолжува на своите гласноговорници, кои постојано изнесуваат лаги и манипулации од говорницата во Советот или на прес конференции.
Така, лицето Ивона Трифунов, во последно време позната како "креатор" на невистини и бесмислени прес конференции пред големиот пораз ја вдомуваат во Клиничка болница, како референт за кадровски работи, а за сопругот на новопечената политичарка и советничка, Мирјана Ралевска - Кире Ралевски обезбедуваат работно место како магационер во ученичкиот дом Мирка Гинова, каде и без тоа врие од криминал и злоупотреби, од страна на нивната директорка.
СДС, со секој изминат ден се се поблиску до големиот пораз и свесни за тоа остана да се занимаваат само со вакви ситни вработувања - без никаков обзир кон тоа што му е обврска како власт.
Затоа ситуацијата е ваква каква што е - очајна, а изгубените СДС, чираци на ДУИ, секој ден подлабоко пропаѓаат во жива песок која има само едно единствено име - епски пораз на претстојните избори!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани