2win800x200

Сабота во Битола бесплатна пешачка тура

Февруари 21, 2024

Традиционално, Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници(МАТВП) организира бесплатна пешачка тура во најпосетените туристички центри. Поводот за овој настан е одбележувањето  на светскиот ден на туристички водичи кој се одбележува секој 21-ви февруари.

Во сабота  (24.02.2024), нашите лиценцирани  водичи  ќе ви ја претстават Битола онака како што тоа го прават пред многубројните туристи.

Во период од околу 2 и пол часа, со голема посветеност, љубов и локал патриотизам, ќе ви ја доловат Битола онаква каква што некогаш била, центар на Балканот.

Ќе имате можност да го посетите Музејот на Град Битола, да ја  слушнете приказната за Мустафа Кемал Ататурк  и неговата тинејџерска љубов, Офицерскиот Дом, браќата Манаки, геноцидот врз Евреите, Саат Кулата, Старата чаршија…

Првата тура започнува во 11:00ч , а втората тура од 12:00 од пред Музејот на Град Битола. Водичи на овие бесплатни тури ќе бидат Горан Пинза и Марија Ивановска.

Ве покануваме на една поинаква саботна  дружба и прошетка по Широк Сокак. Поведете ги и вашите најмлади,ве уверуваме дека убаво ќе си поминат.

 

Објавено од А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани