АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Двете изведби на претставата „Марлена“ со српската актерка Мирјана Карановиќ во главната улога, кои требаше да се одржат во Битола на 3 март и во Скопје на 4 март, се откажани, објави „Авалон“.
„Од технички причини не сме во можност да го одржиме гостувањето на претставата ‘Марлена’ во Домот на културата во Битола и во МНТ во Скопје. Се работи за многу комплициран проект, со повеќе од 30 професионалци кои доаѓаат од Сараево и, за жал, како организатори не сме во можност технички да ја изведеме претставата за да се задржат сите театарски и сценски стандарди воспоставени од Сараевскиот народен театар“, велат од продукцијата, додавајќи дека на сите кои купиле влезници парите ќе им бидат вратени.
Објавено од А.Б