2win800x200

Потпишан е Меморандум за соработка помеѓу УКЛО и бугарската Академија за национална безбедност од Софија

Февруари 29, 2024

 

Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола потпиша Меморандум за соработка со бугарската Академија за национална безбедност од Софија.

Договорот го потпишаа, ректорот на УКЛО  Игор Неделковски и претседателот на  Академијата, Владимир Бронфенбренер, познат израелски експерт за сајбер безбедност. Експертот од Израел кажа дека има 15-годишно искуство во едукација и обука на студенти и професионалци од безбедносните структури и од други засегнати институции.

Меморандумот ќе овозможи реализација на заеднички комерцијални кратки курсеви по сајбер безбедност со македонски, бугарски и израелски експерти.

429635818 1694878337706729 7406946968691764467 n

Очекувањата се дека програмата за обука ќе биде предизвик за разнородни целни групи слушатели кои треба да бидат составени од наставници и училишни директори и вработени во стручните служби на училиштата, вработени во државни, јавни и приватни институции и компании, во банки, болници, фондови, телекомуникациски компании и други институции.

Инаку, УКЛО, ќе ја понуди својата експертиза преку реномирани академски кадри во три модули: Борба против сајбер насилството врз децата и улогата на училиштето – програма „Сајбер бранители“,  Паметно користење на сајбер просторот – безбедни организации и  модулот -Сајбер опсег.

Актуелноста на програмата за стручно и професионално усовршување за сајбер безбедност на УКЛО ќе се реализира  во духот на современите потреби за зајакнување на сајбер отпорноста и заштита на онлајн интересите на граѓаните, институциите и компаниите.

Во рамки на пригодата што се одржа во Ректоратот на УКЛО, разменети се и други корисни и важни информации со претставници од безбедносни структури и репрезенти од општествениот и политичкиот живот, меѓу кои генералниот конзул на Република Бугарија, Николај Димитров.

 

А.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани