
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Претседателката на Советот Габриела Илиевска се предомисли и им ја врати ружата на советниците на ВМРО ДПМНЕ, што претходно ја зеде од градоначалникот Тони Коњановски по повод 8 Март. Илиевска се попишмани по речиси три часа и кажа дека не сака цвеќе од некој што ја нарекува исфрустрирана.
-Ова ќе му го вратите на градоначалникот. Значи маѓ во ова општество носител на јавна функција, Вие и градоначалникот кој во јавни и официјални соопштенија жени нарекува исфрустрирани, ниту сакам од нив ружа, ниту да ми го честитат денот на жената, рече Илиевска.
А.Б