
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од страна на битолското обвинителство е донесена Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишник. За лицето постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, соопштуваат од ЈОРСМ.
Осомничениот во стан на улицата „Прилепска“ во Битола, во повеќе наврати низ периодот од август до крајот на декември 2023 година, вршел полови дејствија врз 14-годишно девојче.
„Јавниот обвинител до Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот'', стои во соопштението.
Објавено од А.Б