2win800x200

Платени од РЕК пишуваат и читаат лаги!, возвраќа ВМРО-ДПМНЕ Битола

Март 12, 2024
Реакција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола на прес конференцијата на СДСМ.  
 
Дејан Србиновски поразениот старо нов портпарол на СДС чита лажен нарачан текст од неговиот колега и вработен во РЕК Методија Куновски кој во ЕСМ е вработен за односи со јавност.
Платен од ЕСМ а пишува за СДС!
Излитените служби за информирање во РЕК Битола место да се занимаваат со актуелните проблеми кои го притискаат комбинатот и проблемите од кои треперат не само битолчани туку и граѓаните на Македонија, се занимаваат со измислени евтини лаги и политиканство.
Изнесените ставови на Србиновски се ноторна лага и само уште еден блед обид да се оцрнат лица од победничката ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Битола.
Поразениот портпарол на СДС Битола по налог на нивниот портпарол во сенка Методија Куновски после 5 дена конечно собраа храброст и повторно излегоа на прес - конференција со лажна вест.
Толку е сенсот на нивниот ПР мајстор.
Денешните искажаани клевети, Србиновски и сите идни лаги и клевети ќе треба да ги докаже пред надлежните институции и основниот суд во Битола.
Почитувани битолчани, никогаш не било полошо во Македонија!
Време е за избор, хаос или ред.
Важно е да ги поразиме.
 
 
Објавено од А.Б 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани