2win800x200

Коњановски реагира-Провидните манипулации на СДСМ нема да дозволам да и наштетат на Битола

Март 12, 2024

Интегрален текст од реакцијата на градоначалникот Тони Коњановски на прес конференцијата на СДСМ.  

 

Почитувани граѓани,
Желбата за власт и функција на СДСМ, се докажа и со денешната прес конференција на која исплашени од мојата конструктивност и работа, се обидуваат ширејќи лаги, да ги маргинализираат резултатите. Впрочем, недоследни во своите ставови, желни да ги сочуваат советничките столчиња ја гласаа и завршната сметка, за која цела година манипулираа дека ќе биде резултат на недомаќинско трошење пари. Но и минатата недела како многупати досега докажаа дека единственото што знаат да го работата е манипулирање на граѓаните. Наспроти тоа, мојот принцип на работа отсекогаш бил насочен кон: соработка, решавање на проблеми, проекти и резултати. Истото се докажало во корона кризата со мојата стручност како епидемиолог, се докажува во мојата посветеност и работа во екстремно тешки политички услови како градоначалник, а продолжува со одговорност на секоја функција на која можам да го вложам мојот максимум, во заедништво со граѓаните за позитивни промени и напредок на градот и државата. Најуспешните политики се спроведуваат кога се дејствува локално за глобални промени. За жал, оваа слика за СДСМ е непозната, што уште повеќе е потврдено и со нивното негласање за проектот Smart4you2 и изградбата на велосипедски патеки, што за жал создава негативна слика за Битола пред сите претставници на Европската унија.
Накратко: За мене не постои повеќе или помалку важна позиција. Единствено важно е да има одговорност. Мојот приоритет е поубава Битола, а неговата реализација секојдневно се докажува во нашата заедничка работа со соработниците, општинската администрација и поддршката од советниците од ВМРО ДПМНЕ, кои сплотено и заеднички во континуитет стојат зад донесените одлуки.
 
 
 
 
Објавено од А.Б 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани