2win800x200

Гимназијалката Ивана Новачевска беше амбасадор на Шведска на еден ден 

Март 14, 2024

Гимназијалката од СОУ„Јосип Броз Тито“ Битола,  Ивана Новачевска беше  амбасадор на Кралството Шведска во Македонија на еден ден. Ова е едно од позитивните искуства на ученици од Горната гимназија кои еден ден се во улога на странски дипломати.  

-Ивана Новачевска е наша ученичка од II година, која имаше единствена можност да биде избрана за Шведски амбасадор на еден ден.
Таа помина еден ден заедно со шведската амбасадорка Еми Ларсон. Присуствуваше на неколку состаноци, ја посети нејзината резиденција и се запозна со цел тим на луѓе кои се грижат за неа, зеде активно учество во организацијата на обврските на амбасадорката и секако имаше Фика - шведски начин на пауза со кафе и колачи.
Ова беше неверојатно искуство за неа преку кое оствари многу значајни контакти за понатамошни проекти, објави од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ Битола.
417498868 801240478716499 7926005141012125631 n
417570080 801240505383163 4079470448923646969 n
 
Објавено од А.Б 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани