2win800x200

Кој плати 753 илјади евра за акциите на СТОПАНСКА БИТОЛА во еден ден

Март 22, 2024

 

Стопанска банка Битола станува прилично интересна за инвеститорите, но засега не е познато дали е тоа поврзано со од поодамна најавеното нејзино потенцијално присоединување кон Комерцијална банка, нешто што го објавија своевремено двете банки, и што требаше да почне да се преговара и реализира многу скоро, или поточно по усвојувањето на завршните сметки на банките, кои се предвидени за акционерските собранија токму за следните денови, објави faktor.mk

Преку берзанска блок трансакција некој вчера купи солидна количина акции од Стопанска банка Битола, плаќајќи за неа сума од над 753 илјади евра.

Голем износ платен во еден ден за познат купувач, а не е мал ниту процентот на акционерски капитал што е продаден и купен, бидејќи станува збор за 4,1 отсто од вкупниот акционерски капитал на банката.

Или прецизно, на блок трансакцијата поминала количина од 16.019 акции, по цена од 2.892 денари за акција, која е повисока од сите досегашни цени на редовното тргување на акцијата. Или, вкупниот износ е 753,3 илјади евра за акционерски пакет од 4,1 отсто од Стопанска банка Битола.

 

 

 

Обајвено од А.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани