АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ВМРО-ДПМНЕ ја разреши и последната дилема, со одлуката генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски да ја предводи кандидатската листа во петтата изборна единица на опозициската партија.
Веста ја соопшти потпретседателот на партијата, Александар Николоски на денешната прес-конференција.
„Во однос на носител во петтата Изборна единица можам да го потврдам Ѓорѓија Сајкоски генералниот секретар на партијата ВМРО-ДПМНЕ за носител во Петтата изборна единица. Сметам дека имаме одлично решение, тој долги години беше еден од најуспешните претседатели на општински комитети во ВМРО-ДПМНЕ, го водеше Општинскиот комитет во Кичево кој секогаш постигнува фантастични резултати за ВМРО-ДПМНЕ. Како генерален секретар е дел од оваа нова приказна на ВМРО-ДПМНЕ која ќе значи убедлива победа на претседателските и парламентарни избори“, рече истакна Николоски.
Од претходно е познато дека носители ќе бидат Христијан Мицкоски во кецот, Владо Мисајловски во двојката, Драган Ковачки во 3 ИЕ, Александар Николоски во четвртта и Дафина Стојаноска во шестката.
Партиската програма, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја промовира веќе в недела.
Објавено од А.Б