
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски ги потврди имињата на носители на денешниот Конгрес во Скопје. Во првата изборна единица предводник е лично тој, во втората изборна единица на првото место е Оливер Спасовски, тројката ќе ја предводи директорката на УЈП Сања Лукаревска, четворката екс министерот за здравство Венко Филипче, петката е резервирана за Јован Митрески кој е нов собраниски спикер, и во шестата изборна единица е министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Ковачевски потенцираше дека во изминативе седум години неговата партија донела многу храбри одлуки.
„На осми мај изборот нема да биде само помеѓу партии и кандидатски листи, изборот на осми мај е мнопгу посуштински за сите нас како граѓани на оваа држава. Изборот е помеѓу надеж и просперитетна иднина со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Или безнадежност и враќање 10 години назад со ВМРО-ДПМНЕ“, рече Димитар Ковачевски претседател на СДСМ.
Во изборната програма, Ковачевски најави просечна плата од 1100 евра, минуималец од 600 евра, најниска пензија 20 илјади денари, просечна пензија 30 илјади денари, плус 100 евра за нова година за секоиј пензионер. 200 евра за секое прво вработување на младите луѓе, 750 милиони евра субвенции за пензионерите. Потврда дека овие ветувања ќе се остварат се политиките кои ги води владеачката партија последниве седум години, рече Ковачевски.
Објавено од А.Б