2win800x200

Коњановски-ХУМАНИТАРНИ ПАРКИНГ ПРОСТОРИ ЗА ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИ

Април 02, 2024
https://www.facebook.com/OpstinaBitola/videos/3716679478600651
Општина Битола, во соработка со Јавното претпријатие за паркирање, ја заврши постапката за реализација на одлуката донесена од општинскиот совет која се однесува на обезбедување на хуманитарни паркинг места за хуманитарни цели. Согласно оваа одлука, пренамената во хуманитарни паркинг простори се врши во подзона Б6 на улица „Цар Самоил“ и улица “Борка Левата“ – 17 паркинг места, зона А3 од железниот мост првите 2 места во правец запад исток и зона С4 крајот на Градскиот Парк, во близина на ресторан „Император“. Собраните средства од паркирањето, општината ќе ги доделува на ранливите категории и граѓани кои имаат потреба од хуманитарна помош.
Градоначалникот Коњановски, денес изрази благодарност до советниците за дадената иницијатива и донесената одлука од Советот, повикувајќи ги граѓаните да ги користат овие простори, притоа овозможувајќи им поддршка на оние на кои им е неопходна:
„Со паркирањето на моето возило, на едно од 19 те хуманитарни паркинг места и регулирањето на обврската со испраќање СМС порака, постапка што редовно ја практикувам кога се возам со автомобил, сакам да ги повикам и другите сограѓани, да ги користат овие простори и заедно, почитувајќи ја одлуката на Советот, да создадеме можности за помош онаму каде што е неопходно, во хуманитарни цели.
Во оваа насока, сакам да изразам и благодарност до советниците за иницијативата и донесената одлука од Советот за пренамена на паркинг места во хуманитарни простори кои ќе се користат за хуманитарни цели.
Донесената одлука, како локална самоуправа ја реализиравме во соработка со јавното претпријатие „Паркинзи“ на целосно транспарентен начин, при што во секое време, прецизно може да се направи увид колку средства се собрани во оваа зона Х и колку од нив се префрлиле во општината за потоа тие средства да се префрлат, на оние граѓани на кои е потребно да им се помогне.
Наплатата се врши исклучиво со СМС пораки, а цената изнесува 20 денари од изминат час, што мора да се почитува, затоа што за нерегулирано плаќање на овие локации, казната изнесува 1000 денари, од кои 500 денари ќе бидат за хуманитарни цели, а 500 денари за ЈППЈЛП како трошоци за тековното работење, кое секако ги вклучува и редовните контроли на терен.
Уште еднаш, сакам да се заблагодарам и до јавното претпријатие за паркирање, за подготвеноста за спроведување на оваа одлука, со која градот ја потврдува својата хуманост на дело“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани