Со цел поддршка на регионалниот систем за управување со отпад и подобри комунални услуги до жителите, во рамките на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“, финансиран од шведската влада и реализиран од SALAR International, денес се одржа работилница, насловена „Предизвици и патот напред“. Проектот се спроведува веќе две години во соработка со
Министерството за животна средина, Министерството за локална самоуправа, ЗЕЛС и партнерските општини, при што активно се работи на подобрување на услугите на општините и комуналните претпријатија во секторот отпад во пелагонискиот и југозападниот регион.
По финализирањето на локалните акциски планови за 15 општини од двата региона , активностите продолжуваат со детално планирање за нивна реализација. За таа цел, изработени се неколку битни анализи чии резултати беа презентирани во контекст на целите кон кои што се стреми проектот.
На денешниот настан присуствуваа претставници од партнерите на проектот, градоначалници и соработници од општините во двата региона како и претставници на донаторската заедница во земјава, а главен акцент беше ставен на процесот на имплементација на ЛАП овите.