2win800x200

Филипче: Медиумската контрола на груевизмот повторно чука на врата

Април 04, 2024

Сериозно сум загрижен за слободата и демократијата, нешто на што многу работевме изминатите седум години, вредности кои денеска повторно се загрозени. 

Ова го истакна неврохирургот д-р Венко Филипче носител на листата на СДСМ во Изборната единица 4 при својата посета во Радовиш во врска со лажните предизборни анкети кои беа објавувани неодамна. 

„Слободата е повторно под закана. Денешниот скандал за спрегата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и државната телевизија МТВ, укажува на тоа дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се сменило. Според обемот на скандалот, не само што ништо не се сменило, туку ВМРО-ДПМНЕ применува уште пострашна форма на пропаганда од најславните денови на Никола Груевски", истакна д-р Филипче. 

Граѓаните треба да одлучат дали ќе дозволат фабриките на лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ да се институционализираат, а пропагандите да го поделат народот и да го држат во страв.

„Слободата и демократија, за жал, почнуваме да ги цениме само откако ќе ги изгубиме. И тоа е разбирливо, граѓаните се соочуваат со дневни реални проблеми кои им се приоритет. Но, без слободата и економијата, нема ни слободна економија, ни слободни компании, ни слободни работници, ни слободни земјоделци. Слободата, а пред се медиумската слобода, е основа за развој и напредок на државата. И токму затоа не смееме да дозволиме да ја изгубиме", истакна д-р Филипче. 

Филипче потенцираше дека СДСМ ќе продолжи да дејствува во насока на негување на слободата и демократијата и дека само преку смели одлуки граѓаните и земјата ќе можат со крената глава и горно да чекорат кон европска и просперитетна иднина, без лаги, манипулации и лажен патриотизам.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани