Заедно со претставници на фирмата за градежништво и услуги Рапид Билд, изведувач на топловодот, извршивме увид на состојбата на поставениот топловод на улицата „Македонски гемиџии“. Притоа, беше констатирана состојбата на терен, како и потребата од дополнителни санации на коловозот и јавните површини од двете страни на коловозот.
На мое барање, изведувачот, презеде
обврска, во текот на следната недела, да ги санира направените оштетувања.
Дополнително, разговараме и за планираната динамика со која ќе продолжи да се реализира поставувањето на топловодот, при што беше договорено, во текот на месец април да се интензивираат активностите за поставување на топловод на трасата на улица „Партизанска“ на стационажа пред влезот од Градското шеталиште и паркингот пред Спортската сала „Боро Чурлевски“, се со цел градежните активности да не влијаат на летната сезона, кога и бројот на гости во градот е зголемен.
Иако, топлификацијата не е проект кој го спроведува локалната самоуправа, во рамките на моите надлежности, на овој начин, ги преземам сите неопходни чекори, се со цел побрзо решавање на проблемите и непречено функционирање на сообраќајот во градот.