АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Спортското здружение БОРИ СЕ ЗА ЦЕЛТА ја организира по втор пат Ноќната женска трка “Биди своја” на 15.06.2024 година со почеток во 19:30ч.На првото издание кое броеше повеќе од 250 учеснички учествуваа од најмала до највозрасна учесничка.
На пет километарската трка најбрза беше Марија Пеликон. Второто место и припадна на Мери Шешо, а трета беше битолчанката Јана Стефановска .
„Мотивирани од првото издание каде професионалните тркачки и рекреативки ни ја пружија цела доверба од самиот старт на организирање ваков масовен настан, втората година влегуваме со поголема самодоверба, и истата несмеевме да ја губиме туку само да ја надоградуваме кај нашите учеснички. Со многу љубов и желба успеавме да угостиме вкупно 250 учесничи на првото издание на трката. Голема благодарност до Општина Битола и сите институции, спонзори и помагатели кои безрезервно се вклучија во реализација на овој прекрасен атлетски настан во Битола.
„Започнавме да се докажавме дека дисциплината и желбата за успех може да донесат одличен резултат за нас како организатори и за цела Битола. Успеавме да пречекаме и без никакви проблеми првата година да спроведеме настан достоен за Битола и за сите професионални и рекреативни атлетичарки во Македонија, голема благодарност и до сите учесници кои беа дел од првото издание. Цел тој успех не би бил без тркачите кои безрезерво учествуваа и придонесоа да имаме настан каков што имавме, најголема благодарност до сите 250 учеснички кои учествуваа на првото издание.Оваа година планираме многу забава ќе имаме гости од други градови кои ќе го започнат отворањето на трката со нивните KANGO JUMPS обувки, загревавање на учесничките и добра музика и ноќна забава.