
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 8 мај 2024 година во Рим, Италија се одржа последниот партнерски состанок од проектот „Ромски школи за феминизам и лидерство во Европа: обука на ромски тренери за вклучување на млади ромки“. За време на состанокот се разговараше за финализирање на креирањето на прирачникот за тренерите заедно со материјалот за учење за идните лидерки кој ќе биде дел од веќе создадената платфома за учење https://skolaromani.org/. Исто така се разговараше за организацијата на крајната конференција во врска со проектот која ќе се одржи на почетокот од октомври 2024 година во Мадрид, Шпанија. Координатор на проектот е шпанската организација Феминистичко ромско здружение за различност Asociación Gitanas Feministas por la Diversidad, а партнери освен од Шпанија и „Сумнал“ од Северна Македонија се и организации од Романија, Португалија, Германија, Италија и Србија. Проектот е финасиран од Шпанската национална агенција преку програмата на Еразмус + на Европската Унија.