2win800x200

Николовски - Време е одговорноста да се преземе час поскоро и во пракса

Мај 21, 2024

Членот на републичкиот ИО на СДММ и советник во општина Битола, Петар Николовски на Фејсбук објави дека мора да се преземе одговорност и да им се подаде рака на оние кои биле дел од СДСМ. 

„По две недели молк, време е одговорноста да се преземе час поскоро и во пракса. Пораката од граѓаните треба да се имплементира, да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого. Секој што ја споделува социјалдемократската идеологија, местото му е во партијата. Заедно, како државотворна партија, да застанеме повторно како столб на демократијата. Во моментов живееме во ера на промени и предизвици, кои бараат драстични трансформации во нашата партија. Засилувањето на нова генерација млади политичари без багаж од минатото е неопходно за обнова и прогрес. Само со свежи идеи и енергија можеме да ја промениме политичката и партиската сцена. Потребен ни е лидер со вештини за обединување на сите граѓани и членови на партијата. Само заедно, како единствена сила, можеме да постигнеме значајни промени и да ја вратиме партијата на старите и силни стази. Враќањето на сите кои споделуваат социјалдемократска идеологија ќе биде од големо значење за нашата партија“, пишува тој. 

Вели дека за успешната реализација на овие промени, потребен ни е лидер со способности за обединување на сите граѓани и членови на партијата. 

„Само преку заеднички напори можеме да ги постигнеме нашите цели и да ги оствариме идеалите на социјалдемократската идеологија. Ги повикувам сите кои ги споделуваат нашите вредности и убедувања да се вратат за заеднички да го создадеме идеалниот политички фронт. Само соединети и предводени од лидер - визионер ќе можеме да се вратиме како државотворна партија и партнер на граѓаните“, пишува Николовски. 

Инаку, СДСМ на изборите доживеа пораз и најавено е дека ќе има промени во партијата. 

фото Фејсбук

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани