2win800x200

„СИТЕ БОИ НА МЛАДОСТА“, ГИМНАЗИЈАТА „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ ГО ОДБЕЛЕЖА СВОЈОТ ПАТРОН ПРАЗНИК

Мај 29, 2024
Под мотото „Сите бои на младоста“, на Платото пред Офицерскиот дом, Гимназијата „Јосип Броз Тито“, го одбележа својот патрон празник. Во своето обраќање пред публиката, директорката Лидија Споа, нагласи дека претставува вистински предизвик и привилегија да се раководи со ваква институција:
441488482 486696263713260 8922221732567804014 n 800x533
„Реализирањето на образовните активности е комплексен процес, но благодарение на взаемната поддршка на учениците и професорите покрај предвидените цели во наставата, тие се постојано активни и во воннаставните активности, редовни учесници и носители се на првите места на регионалните, државните натпревари по повеќето наставни предмети. Овие млади луѓе, сите се посебни на свој начин, оттука произлегува и мотото – Сите бои на младоста. Нивната автентичнот и оригинална мисла, секојдневно ни е инспирација и нам, на професорите да прибегнеме од светот на возрасните, за да можеме со нивни очи да го погледнеме светот, за да ги разбереме. На крајот на краиштата – секој учител бил нечиј ученик“, рече Лидија Споа, директорка на Гимназијата „Јосип Броз Тито“.
441520391 486695667046653 2304504012320453220 n 800x533
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, честитајќи го патрониот празник, се потсети на своите средношколски денови поминати во ова училиште:
„Секое училиште во нашиот град, има сочувано посебна историја, значајни мигови на многу генерации ученици за чии успеси се слушало и се слуша надалеку.
Но, кога станува збор за Гимназијата „Јосип Броз Тито“, не можам, а да не споменам дека ова училиште има посебна важност за нашата држава, за нашиот град, но и лично за мене. Како некогашен ученик во Гимназијата во моето сеќавање засекогаш ќе останат сочувани спомените на средношколските денови, кои се најубавите години од животот на секој млад човек, обоени со сите чувства или бои кои ги носи младоста.441505832 486696003713286 2881038287519761537 n 800x533
 
 
Денешната гимназија „Јосип Броз Тито“, започнала да работи во 1892 година како нижа гимназија, а на 6 февруари 1945 година започнала со редовна настава на македонски јазик. Од следната година во ова училиште започнале со работа и паралелките за образование на учители, што го потврдува придонесот на училиштето за ширењето на образованието на мајчин јазик.
441514842 486695720379981 5267251331371231766 n 800x533
Во својот развој низ годините и принципите на надградба на образовниот процес, низ ова средно училиште се образувале ученици кои станале докажани личности во своите области, како академици на МАНУ, успешни инженери, лекари, професори, писатели, уметници, научници, ректори на универзитети, градоначалници.
И денес, горди сме на успесите на Вас учениците, кои сте дел од воспитно образовниот процес во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ и секој Ваш успех на натпреварите во Македонија или надвор од државата е гордост и за нас како локална самоуправа.
441535791 486695800379973 7865231295391755804 n 800x533
 
Токму затоа, Општина Битола, продолжува со безрезервна поддршка на сите иницијативи и предлози кои доаѓаат од училиштето и се однесуваат на подобрување на условите во интерес на учениците и наставниот кадар кои се дел од воспитно образовниот процес во Гимназијата „Јосип Броз Тито“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
Во свечениот дел на настанот, беа доделени признанија на учениците и професорите – ментори кои во тековната учебна година освоија високи места на спортски натпревари, натпреварите по природни науки, странски јазици и други области, како и на учениците и професорите кои континуирано придонесуваат за добра образовна клима во училиштето и за афирмација на Гимназијата која е една од водечките образовани институции во Македонија.
441546132 486696240379929 3899688022996350582 n 800x533
Благодарница беше доделена и за Општина Битола, за континуираната и безрезервна поддршка на училиштето во 2023/2024 година.
444482364 486695967046623 9093680146490629181 n 800x533
444761669 486695743713312 1489688033755891327 n 800x533
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани