2win800x200

„ВЕШТО ВОЗЕЊЕ“ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

Мај 31, 2024
Во организација на општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата - Битола,   во Градскиот парк, на полигонот подготвен од ЈП „Паркинзи“, се одржа вешто возење, како дел од практичниот дел на традиционалната манифестација „Детски семафор“, која годинава се одржа по 51 пат.
На овогодинешниот натпревар учество зедоа 13 основни училишта од Битола, Могила и Демир Хисар со 78 натпреварувачи - поделени во 2 групи, односно мала група - екипа составена од 4 натпреварувачи од 10-12 години (две момчиња и две девојчиња) и голема група - екипа составена од 2 натпреварувачи над 12 години ( едно момче и едно девојче).
444236032 486842017032018 3528291063209734427 n 800x533
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, на најдобрите им додели медали за поединечен пласман и во категорија момчиња и во категорија девојчиња, како и пехари за екипен пласман на најдобрите екипи.
Оваа активност е дел од сообраќајно воспитните акции и манифестации кои ги организира ОСБСП, а се насочени кон подигнување на сообраќајната култура, но и подобрување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, посебно ставајќи акцент на велосипедистите како целна група која е масовна, но и најзагрозена категорија на учесници во сообраќајот.
445197213 486842100365343 5357579844338190593 n 800x533
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани