2win800x200

Славење во Битола: Еурофарм Пелистер ја одбрани титулата!

Јуни 01, 2024

Eурофарм Пелистер го победи Алкалоид со 32:28 за одбрана на титулата во ракометната Суперлига.

Алкалоид го отвори натпреварот со водство од 0:2 и 1:3, но домаќините брзо се вратија и поведоа со 4:3. Во продолжение следуваше изедначена игра, меѓутоа во клучните моменти, Пелистер покажуваше искуство, па така и ја зголемуваше разликата.

Како што одминуваше времето разликата беше погоелма и на пауза битолчани заминаа со 18:13.

Стартот од вториот дел донесе подобра игра на Алкалоид, но домаќините успеаа да ја задржат позитивата. Се што направи Алкалоид беше да се доближи до „минус два“ повеќе од тоа не можеше.

Вардар во натпреварот кој се играше во ист термин победи, меѓутоа тоа не беше доволно затоа што за титула им требаше пораз на Еурофарм Пелистер.

slobodenpecat.mk

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани