2win800x200

Кој е битолчанецот Златко Ристовски што се кандидира за претседател на СДСМ?

Јуни 05, 2024

Кој е битолчанецот Златко Ристовски што се кандидирал за претседател на СДСМ? - ова е прашањето што не можат да си го одговорат ни високи партиски функционери во ОО на СДСМ Битола. Откако стаса веста од Бихачка дека од Битола е првиот пријавен кандидат за челната позиција на СДСМ, и нашите битолски членови на партијата почнале по потрага кој е активистот, сограѓанин, со високи амбиции, а никој не го знае. Така по целовечерна потрага по социјалните мрежи, Златко Ристовски се уште не е откриен. Некои коментираат дека е некој битолски сеирџиија, што ја „тестира“, демокртаијата во СДСМ, партијата која си заминува од власта.

Кој е Златко Ристовски засега е енигма и за општинското раководство на СДСМ Битола. 

Инаку според веста објавена на Тв 24, Златко Ристовски – активист на СДСМ од Битола е првиот кандидат што поднесе кандидатура за претседател на СДСМ. 

Информациите се дека Ристовски е релативно анонимен во партијата, а колку неговата кандидатура е уредна ќе се знае откако ќе заврши рокот за кандидирање.

А.Б 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани