АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Познатиот битолски новинар д-р Марјан Танушевски е новиот директор на македонскиот Културно информативен центар во Белград.
Танушевски ја презеде функцијата во Белград, а прием и успешна работа му посака нашиот амбсадор во Република Србија, Н.Е Никола Тупанчески.
-Новата работна позиција овозможува продолжување на нашата соработка низ афирмација на македонската култура, напиша кратко д-р Марјан Танушевски, по стапувањето на новата должност во Културно информативен центар во Белград.
Танушевски на оваа позиција доаѓа од местото новинар во Македонската информативна агенција – МИА, а претходно работеше како новинар во Радио Битола. Своевремено ја извршуваше и функцијата претседател на Советот на Општина Битола.