Кандидатот за претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Јован Деспотовски, денеска доаѓа во Битола за да ја презентира својата програма пред членовите на СДСМ во Битола.
Средбата е во 19.30 во ОО на СДСМ Битола.
-Нов почеток, нов СДСМ е програмата со која ја барам поддршката за претседател на СДСМ.
Во фокусот се луѓето, а ова е програма која кој обединува, а не фаворизира, и во која ќе има место за сите предлози и идеи на луѓето кои искрено ќе се вложат во партијата повторно да го врати интегритетот и местото што го заслужува.
Програмата нуди конкретни мерки и поинаков пристап во креирањето и во спроведувањето на политиките, унапредување на демократските процеси во партијата, професионализација на партиските тела со цел поголема ефикасност и воведување на култура на прифаќање и почитување на различни ставови и мислења, објави Деспотовски пред средбата .