2win800x200

Изложба на факсимили од роднокрајни писатели – членови на Друштвото на писателите на Македонија

Јуни 13, 2024

Во изложбениот салон на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола поставена е „Изложба на факсимили од роднокрајни писатели – членови на Друштвото на писателите на Македонија подготвена од графичката струка од СОУ „Таки Даскало“ – Битола. Изложбата на овие вредни примероци од своерачно напишани творби од 24 реномирани писатели кои потекнуваат или живеат и создаваат во Битола, е подготвувана скоро две години. Секој факсимил е напишан на рачно изработена рециклирана хартија која, по повод 40-годишниот јубилеј на училиштето, ја изработија учениците од графичката струка од СОУ „Таки Даскало“ – Битола, под менторство на Весна Мундишевска-Велјановска и Валентина Ристеска, наставници по графички стручни предмети, а изложбата е реализирана во соработка со Гордана Ѓорѓиевска-Неделковски, библиотекар, координатор на „Роднокрајните средби на битолските писатели“.

г7

            Факсимили напишаа истакнатите македонски писатели: Елизабета Баковска, Димитар Башевски, Јордан Плевнеш, Раде Силјан, Веле Смилевски, Даниела Андоновска-Трајковска, Славица Гаџова Свидерска, Милица Димитријовска Радевска, Петре Димовски, Златко Жоглев, Никола Илијовски, Владо Јаневски, Елизабета Јончиќ, Љубе Митрејчевски, Весна Мундишевска-Велјановска, Кире Неделковски, Сашо Огненовски, Зоран Пејковски, Христо Петрески, Михајло Свидерски, Гордана Стојаноска, Мирјана Стојановска, Биљана Т. Димко и Добре Тодоровски.

г8

            Графичката струка овие вредни факсимили ги подарува на роднокрајното одделение на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола со што ќе се збогати фондот на ракописи од роднокрајни автори, ќе се придонесе за афирмација на творечките дострели на писателите и за зачувување на овие своерачни писанија како трајни вредности. Факсимилите од битолските роднокрајни писатели – членови на Друштвото на писателите на Македонија ќе бидат незаборавен белег на времето во кое овие автори живееле и создавале.

г3 нас

г5

г4

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани