АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ, вечерва беше на средба со битолското членство на СДСМ. На неговиот Фејсбук профил објави впечатоци од средбата со сопартијците, порачувајќи им дека секој од нив е важен за партијата. Извори од партијата велат дека на средбата се појавиле членови кои своевремено биле „блиски“ по убедување и во соработка до Радмила Шекеринска, која пак, во неколку наврати беше носител на патеничката листа на СДСМ во Петката и важи за добар познавач на членството во Битола. Во меѓувреме од наши извори дознавме дека во исто време на средба во ОО на СДСМ бил и досегашниот генерален секретар на партијата Миле Зечевиќ, па присуството на членството било поделено, на двете средби.