АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески од СДСМ и Весна Бендевска од ЗНАМ се новите потпретседатели на Собранието. За нив гласаа мнозинство од пратениците откако претходно на собраниската Комисија за избори и именувања тројцата беа утврдени како потпретседателски кандидати.
За Антонијо Милошоски гласаа 69 пратеници, за Јован Митрески се изјаснија 82 пратеници, а за Весна Бендевска гласаа 70 пратеници.
Од тројцата нови потпретседатели заклетва дадоа само двајца, Митрески и Бендевска. Бендевска заклетвата ја изговори со РС Македонија, додека Митревски ја повтори како што претседателот Гаши ја прочита Република Северна Македонија.