2win800x200

Милевски до Костадиновска-Ги изгубивте изборите дури и во родното село на својот дедо партизан

Јуни 23, 2024

Пеце Милевски, пратеникот на ВМРО ДПМНЕ од Битола од собраниската говорница ја потсети екс министерка за култура Бисера Костадиновска зошто СДСМ ги загуби изборите. 

 

„Само да ја потсетам колешката, после 1198, 1199 доаѓа 1200, не е 2000, но има време, ВМРО ДПМНЕ ќе има еден, друг, трет мандат заедно со коалиционите партнери, ќе спроведе повеќе од 2000 проекти, не се секирајте ќе имате можност и да предложите нешто.

Да си толку извикан, да бидиш толку многу лошо вреднуван за тоа што си го работел како министер и тоа да резултира со губење на изборите дури и во родното село на својот дедо партизан, со губење на изборите во своето избирачко место и со губење на изборите во Битола за повеќе од 15 илјади гласа, мислев дека е пристојно и човечки ова да се одмолчи, мислев дека ќе имате малку доблест.

Без око да ви трепне за тоа што сте ги предале идеите од времето на партизаните, сте ги предале идеите и постоењето на државата.

Ама ете, бившата министерка за култура која ја порази културата во Македонија, а исто така и во Битола како културен, историски и цивилизациски центар, не најде за згодно да преќути, решила да не биде така, па стана да зборува.

400 милиони евра ќе се вложат во капитални инвестиции, колешке! За разлика од парите што вие ги делевте, со сите афери поврзани со вас за поделбата на средствата од програмата на Министерството за култура на разни здруженија, поединци и асоцијации надвор од Македонија.

„Мора да се ослободиме, историјата нам повеќе не смее да ни биде затвор”- е реченица која што вие ја имате кажано, во тој период кога сакавте да го цензурирате творештво…

Но, “Мора да се ослободиме” – и граѓаните ја ослободија Македонија, тоа е единствената вистина која што успеавте да ја кажете додека бевте министер и да не зборуваме за намалените средства во буџетот,  за кој што се потребни големи ребаланси за да се надоместат штетите во Министерството за култура.

Можеме да кажеме дека е направена вистинска катаклизма во државата, не катастрофа, и тоа не е само во култура, тоа е одлика на сите ваши колеги  со кои што сега сте во опозиција, рече во репликата пратеникот од Битола Милевски.

 

Сите пропаганди и лаги на ВМРО-ДПМНЕ паднаа во вода, а црвените линии кои цврсто ги поствија за време на кампањата и предходно , ‘ никогаш Северна’, многу брзо ги избришаа, кога е во прашање власт, рече пратничката на СДСМ, Бисера Костадиновска -Стојчевска на денешната седница во Собранието.

„Доста беше со двосмислени изјави или пу пу неважи, за најважните прашања. Па да потсетиме дека во редовите на ВМРО-ДПМНЕ имаат кандидат кој не ја прзинава химната и вели дека  нема да ја пее. Во ова мнозинство има кандидати кои со своите црвени линии кои ги поставија седнаа на маса со Ванчо Михајлов. За време на кампањата имавте изразени црвени линии, ама сега ја прецртавте бојата, сега  нема ниту линии ниту граници кога станува збор за власт“, рече Костадиновска- Стојчевска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани