Кандидатот за претседател на СДСМ Венко Филипче вчера беше во Битола да ја претстави својата програма пред изборот за нов лидер на СДСМ.
Филипче реле дека несоодветно однесување на партиските функционери сериозно го нарушија угледот на СДСМ и ја поткопаа довербата на јавноста.
Вчера средбите со членовите на СДСМ ги продолжив во Битола. Разговаравме за едно од клучните нови тела кои ги предлагам во прогамата - Комисијата за етика и одговорност.
Историски гледано, партијата се соочи со случаи на несоодветно однесување на партиските функционери, често поради недостаток на ефективен надзор и внатрешна контрола. Ваквите случаи сериозно го нарушија угледот на СДСМ и ја поткопаа довербата на јавноста.
Преку воспоставување на механизми за следење и
евалуација на работењето на партиските и државните функционери, Комисијата за етика и одговорност ќе го следи имплементирање на етичкиот кодекс на СДСМ кај партиските и државните функционери.
Доследно спроведување на овие етички стандарди е од витално значење за градење култура на интегритет и одговорност. Комисијата исто така ќе учествува во избор на кадри и носители на раководни позиции во партијата и во институциите. Формирањето на ваквата нова комисија е значаен чекор кон создавање подемократска, поодговорна и поефективна СДСМ, објави Филипче на својот ФБ профил.