2win800x200

Мицкоски - Пензионерите до март ќе имаат две линеарни покачувања на пензиите, првото од 2 500 денари ќе биде во септември

Јуни 26, 2024

Првото линеарно зголемување на пензиите премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе биде со септемвриската пензија, кога ќе бидат покачени за 2 500 денари. Второто линеарно зголемување ќе биде во март со нови 2 500 денари.

Мицкоски вели дека во моментов во Буџетот нема пари за покачување на пензиите, но со ребалансот  на буџетот на кој, како што рече работат со министерката за финансии, а кој треба да биде во средината на јули, ќе се обезбедат пари за линеарно покачување на пензиите.

 

Првото зголемување на пензиите, како што вели Мицкоски, ќе биде со нивелирањето во септември, а второто со тоа во март.

„Во буџетот што е поминат за оваа година недостасуваат околу 2,5 милијарди денари. Најверојатно ќе имаме две линеарни зголемувања, ова ќе добие потврда во текот на утрешниот ден или денот потоа. Ќе имаме две, едно со нивелирањето сега во септември, линеарно зголемување сега во септември 2 500 денари и другото ќе биде во март уште 2 500 денари“,

рече Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања по денешното ставање на камен-темелник на училиште во скопската населба Драчево.

Според Мицкоски, средства најпрво ќе треба да се обезбедат со ребалансот и тоа 2,5 милијарди денари што е околу 40 милиони евра за тековни пензии.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани