АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Берзата извести дека на 07.08.2024 год. поминала блок трансакција со акциите на ЗК Пелагонија Битола, при што е продаден и купен пакет од 1,63 проценти од акциите на ова акционерско друштво, објави faktor.mk
Во веста се вели - Продадени се вкупно 3.300 акции, по цена од 3.000 денари по акција, или вкупната вредност на зделката е 9,9 милиони денари, односно 161 илјади евра.
Номиналната вредност на овие акции е 70,21 евро.
Последната трансакција на редовниот пазар со овие акции е направена на 31 јули годинава, и тогаш се продала количина од 27 акции, по цена од 3.616 денари за акција.
Најголем акционер во ЗК Пелагонија Битола е градежното претпријатие Софија Градба, кое поседува 22,69 отсто, а сопственици се и Златко Пирузе, Цветан Панделески, Дејан Панделевски, друштвото Агроинвест, како и Снежана Георгиевска.