2win800x200

АСФАЛТИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД ЛОКАЛНИОТ ПАТ ДО С.МАГАРЕВО

Август 14, 2024
Денес заменик градоначалникот Бојан Бојкоски изврши увид на асфалтирањето на дел од локалниот пат до с. Магарево. Должината на реконструкцијата на оваа делница е 537метри, а истата е со вредност од 7.763.966 денари обезбедени од општината.
Во потегот кај селата Трново – Магарево претходно е изведен колекторски систем за собирање на фекални отпадни води од домаќинствата и туристичките објекти, во вредност од 4.416.470 денари.
Општина Битола продолжува со градежните активности насочени кон обнова и реконструкција на патната инфраструктура и во делот на руралните средини, а со реконструкција на овој дел од патот се заокружува уште една фаза од вложувањата на локалната самоуправа во овој дел од Подпелистерието, со цел подобрување на квалитетот на животната средина и отварање на нови туристички потенцијали.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани