2win800x200

Битолчанецот Александар Мурговски е избран за независен член во Надзорниот одбор на ЕСМ

Август 15, 2024

ЕСМ преку Македонска берза информира дека е избран нов  Надзорен одбор.

За членови се избрани – Иван Куковски, Леко Ристовски, Ерхан Рамадани, Јетмир Идризи и професорот од Машинскиот факултет Стевче Антовски. 

Независни членови на одборот се  Александар Мурговски (Александар Мурговски, електроинженер, кој долги години наназад работи во трансформаторските станици на МЕПСО во регионот на Битола) и професорката од Машинскиот факутет  Маја Аначкова.

Како што е соопштено, изборот е извршен со одлука на владата и во содејство со собранието на акционери на ЕСМ.

Со истата одлука се разрешуваат досегашните членови на ова тело на ЕСМ – Слаѓана Богановиќ, Васил Коцев, Игор Петков, Сашо Додовски, Ридван Асани, Катерина Митовска Наковска и Арбен Несим.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани