2win800x200

Комерцијална објави - 22 септември е крајниот рок до кога ќе може да се произнесат акционерите на Стопанска банка Битола

Август 28, 2024
Стопанска банка Битола Стопанска банка Битола

Комерцијална банка Скопје официјално ја објави понудата и проеспектот за преземање на Стопанска банка Битола. Според информациите доставени до Македонската берза, понудена е цена од 3.200 денари за една акција, а крајниот рок до кога ќе може да се произнесат акционерите на Стопанска банка Битола е 22 септември оваа година.

„Комерцијална банка АД Скопје известува дека денес (26.08.2024 година) се објавени Понудата и Проспектот за преземање на Стопанска банка АД Битола. Понудената цена на акциите издадени од Стопанска банка АД Битола изнесува 3.200,00 денари по акција, а рокот за прифаќање на понудата изнесува 28 дена – од 26.08.2024 година до 22.09.2024 година“, се вели во информацијата која Комерцијална банка ја достави до Берзата.

 

Понудата преку посебна објава до Берзата ја потврдија и од Стопанска банка Битола. 

„Ве известуваме дека од страна на Комерцијална банка АД Скопје доставена е Понудата за превземање и Проспектот на понудата за превземaње на Стопанска банка АД Битола“, се вели во ценовно чувствителната информација.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани