2win800x200

Утре во Битола-„Незаборав“ посветен на Тоде Новачевски

Август 28, 2024

Со 14-то издание на традиционалната манифестација „Незаборав“, посветена на композиторот Тоде Новачевски, ќе се затвори годинешното издание на Битолското културно лето БИТФЕСТ 2024

На 29-ти август (четврток) на Платото на Офицерскиот дом Битола, со почеток од 20 часот ќе се одржи концерт во живо со песните од Тоде Новачевски, а во изведба на познати битолски музичари - изведувачи. Влезот за концертот е слободен.

Манифестацијата е комплетно финансирана од Општина Битола во рамките на БИТФЕСТ. Автор на проектот е Панде Димитровски.

Изминатите 13 изданија на „Незаборав“ беа посветени на Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бафтировски, Љупчо Спасеновски, Добри Ставревски, Гоце Николовски, Миле Шерденков, групата Битолски Конзули, Битолчани на Валандово, Драган Каранфиловски – Бојс, песни за Битола – прв и втор дел и Интерфест 92-96година.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани