АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Според документите кои ги добивме, на листата од 33 поделени донации и спонзорства, најбројни се спортските клубови, а најголем дел од парите биле доделени на затворот Идризово во Скопје (5.945.000 денари), на Здравствениот дом Скопје (2.900.000 денари) и на ЈЗУ Мајка Тереза (2.767.500 денари) објави mkd.mk
Сепак, останува нејасно според кои критериуми МЕПСО додели 400 илјади денари, на пример на Здружението за слобода на говор и професионално известување Брианион од Демир Хисар. Ова здружение се јавува како издавач на порталите sportm.mk, 4news.mk, sofra.mk и onix.mk.
На листата е и Здружението на граѓани за промоција 22 Нентор кое во февруари годинава добило 120.000 денари.
За дел од примателите на донациите, како на пример СЕСОН и ОФ на Македонија на интернет не може да се најдат никакви податоци.
Картинг клубот Рено од МЕПСО како донација доби 150.000 денари. Школото за танц Прима данца во април добило 300.000 денари како спонзорство.
Целиот текст на https://mkd.mk/mepso-donacii-davashe-za-portali-fitnes-klub-za-shkola-za-tanc/