2win800x200

М-р Пеце Стојковски е нов в.д директор на Aгенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството со седиште во Битола

Септември 03, 2024

М-р Пеце Стојковски е нов в.д директор на Aгенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството со седиште во Битола. 

На денешната седница на Влада м-р Стојковски е именуван за вршител на должноста директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола.

Стојковски е дипломиран економист и магистер на науки од областа на јавната администрација. Во досегашниот период има 17 години работно искуство во областа на финансиите и на сегашната позиција доаѓа од местото раководител на одделение за финансиско,сметководствено и материјално работење при Факултетот за информатички и комуникациски технологии - Битола. Во својата професионална кариера има учествувано на голем број на домашни и меѓународни проекти (Interreg IPA, Erasmus и др).

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани