2win800x200

Времен режим на сообраќај в недела во Битола, за трката Трчај бе на 22 септември 2024

Септември 21, 2024

СВР Битола, поради одржување на спортската манифестација ТРЧАЈ БЕ 2024, која оваа година вклучува и Национално првенство во полумаратон, на ден 22.9.2024 година (недела), ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во Битола. Овој режим ќе важи во периодот од 07:30 до 11:30 часот на следните релации: - Старт на трката: Бул. „1-ви Мај“ во близина на Саат Кула – од „Бул. 1-ви Мај“ (страна на Музичкото училиште) до кружниот тек кај Педагошка – ул. „Генерал Васко Карангелевски“ од кружниот тек кај Педагошка до кружниот тек кај Веро – ул. „11-та Македонска Дивизија“ до базен Довлеџик (ул. „Довлеџик“ која води кон Вила Молика ќе биде слободна) – Бул. „1-ви Мај“ од страната на Општина Битола – ул. „Филип II Македонски“ до кружниот тек кај Дулие – ул. „Батаљон Стив Наумов“ – ул. „Прилепска“ од кружниот тек кај Дулие до ул. „4-ти Ноември“ – ул. „4-ти Ноември“ до крстосницата со ул. „Солунска“ и обиколницата – ул. „Солунска“ до ул. „Широк Сокак“. Од Широк Сокак, од ул. „Солунска“ до стартот на трката, кој воедно е и целта. - Цел на трката: Бул. „1-ви Мај“ во близина на Саат Кула. Оваа година трката ќе вклучи 1.800 учесници од 25 земји, меѓу кои учесници од земји како Филипини, Индија, САД, УК, Ерменија, Португалија, Шпанија, Бразил, Мексико, Австралија, Пакистан, Нигерија, и од многу европски земји, што го прави овој настан еден од најголемите спортски настани во регионот. Апелираме до граѓаните да ги ослободат паркинг местата кај Плоштад Магнолија, Саат Кула и на ул. Солунска кај Широк Сокак, во недела наутро, за непречено движење на тркачите. Предвидени се доволно алтернативни рути и полициски службеници кои ќе го контролираат сообраќајот. Во случај на итност (медицинска помош, полиција, противпожарна служба), ве молиме повикајте ги надлежните служби. Здружението „Трчај бе“, кое е организатор на настанот, однапред се заблагодарува на сите Битолчани за нивната поддршка и разбирање за овој голем спортски настан. Ве покануваме да ги бодрите тркачите и да бидете дел од оваа спортска приказна.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани