„Паркинзи“ соопштува - Утре нема да биде дозволено паркирање во одредени зони во градот
Септември 21, 2024
ЈП ПАРКИНЗИ Битола соопштува
Почитувани граѓани
На ден 23.09.2024 година на улицата Булевар 1-ви мај на зоните Б1 и Б2 на потегот од "Црн мост" до Безистенот паркирањето нема да биде дозволено во периодот од 06 до 18 часот заради потребите на протоколот на високи гости кои ќе бидат во официјална посета на нашиот град.