2win800x200

На „Браќа Манаки“ уметноста, времето и пријателството остануваат вечни

Септември 26, 2024
Во светот на филмот, секоја сцена има своја приказна, а во светот на времето, секоја секунда е неповторлива. Битола, деновиве е преполна со гости од филмскиот свет. Покрај официјалната програма, на маргините има бескрајно многу интересни средби. На една таква неформалната средба помеѓу претседателот на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ), Игор Иванов Изи и Игор Божиновски, основачот на Божиновски часовници и накит, се направи ретроспектива на долгогодишната меѓусебна соработка за поддршка на македонската кинематографија. Нивната заедничка визија е да продолжат да го поддржуваат македонскиот филмски свет, каде што времето и уметноста се испреплетуваат. 
Да потсетиме, наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, која се доделува од страна на ДФРМ и спонзорирана од Божиновски часовници и накит, е симбол на исклучителен придонес во македонскиот филм. Оваа година таа му беше врачена на филмскиот монтажер Димитар Грбевски за неговата извонредна кариера, на церемонијата на отворање на 45. ИФФК „Браќа Манаки”, а целата македонска филмска индустрија уште еднаш докажа дека уметноста, времето и пријателството остануваат вечни.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани