2win800x200

Завршува асфалтирањето на 11 краци во должина од 2.303 метри во Долно Оризари

Септември 25, 2024
Градоначалникот на Општина Битола изврши увид на завршните работни активности на проектот за реконструкција на 11 краци во должина од 2.303 метри во  Долно Оризари.
Во согласност со изготвената проектна документација, претходно беше извршена реконструкција на водоводните приклучоци во вредност од 2.125.970 денари, како и на канализациони приклучоци во вредност од 561.680 денари. Целосната реконструкција во село Долно Оризари завршува со поставувањето на коловозот за што општината инвестира 11.088.000 денари.
Со реализација на овој проект, значително се подобрува инфраструктурата во Долно Оризари и се надминуваат долгогодишните проблеми на жителите.
Реализираните активности се дел од програмските заложби на градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски и локалната самоуправа, за подобрување на патната инфраструктура и во руралниот дел на општината.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани