2win800x200

ТРИБИНА НА ТЕМА: „ГРИЖА ЗА СЕБЕ – ОБРАЗОВАНИЕ И ПРЕВЕНЦИЈА НА РАК НА ДОЈКА“

Октомври 22, 2024
Со поддршка од Општина Битола и Комисијата за еднакви можности, а во организација на Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ и во соработка со Мрежата за младинско зајакнување и здравје, во Офицерскиот дом, се одржа настанот „Грижа за себе – Образование и превенција на рак на дојка“.
На настанот присуствуваше и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски 
град в
Предавачи на настанот беа д-р Михајло Вангелов, д - р Иле Кузмановски и д-р Весна Шикловска, кои говореа за ракот на дојката и потребата за борба против оваа болест.
Дел од присутните, споделија лични искуства, како и искуства на блиски членови на семејството кои успешно ја надминале болеста, благодарение на навремената интервенција од страна на здравствените професионалци.
Денешниот настан, организиран во месецот за борба против рак на дојката има за цел подигнување на јавната свест и значењето на навремената превенција.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани