АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Полицијата соопшти - На 12.11.2024 во 08.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола-с.Бистрица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Канино, битолско и товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.В.(53) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.