АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Интегрален текст од обраќањето на градоначалникот Тони Коњановски на вчерашната седница на Советот на Општина Битола на која се гласаше Програмата за развони планови на Општина Битола за приодот од 2025 до 2027 година
Почитувани советници, Најпрво би сакал да Ви се заблагодарам за дадената поддршка на измената и дополнувањето на буџетот, на одржаната седница на 08.11.2024 година, со што ќе се овозможи исплатата на зголемената плата за 5 % во образованието, исплатата на јубилејните награди и регресот на годишен одмор на просветните работници, додатоците во плата за пожарникарите, како и наградата за справувањето со пожарите. Исто така Би сакал да се заблагодарам за поддршката на иницијативата која ја доставив за одржување на оваа вонредна седница, со една единствена цел, Општина Битола да има одобрена Програма за развојни планови за периодот од 2025 до 2027 година, како би се продолжил континуитетот на реализација на започнатите инфраструктурни проекти и проектите за кои имаме одлука за избор на економски оператор или е склучен договор, но и можност за вклопување на проектите со кои Општина Битола ќе аплицира на новиот повик на Владата, кој ќе се распише во првиот квартал на 2025 година, на кој ќе имаме можност за поддршка од над 600 милиони денари, дополнително на одобрените 230 милиони денари овој месец.
Исто така би сакал да Ве известам дека овој петок на координативниот состанок одржан во Владата на тема “Подобрување на водната инфраструктура”, беа потврдени нашите аплицирани 10 проекти пред Министерството за животна средина и просторно планирање за проекти за водоводна, атмосферска и фекална канализација во урбаните и руралните средини и истите ќе бидат поддржани со финансиски средства во висина од над 60 милиони денари. Би сакал да напоменам дека Општина Битола има изготвено или е во фаза на изготвување на обемна проектна документација кој вклучува проекти од водоводнате, канализационате, патната инфраструктура, паркинзи, изградба на нови улици како развој на делови од градот, но исто така проекти и за руралните средини кои ќе значат подобрување на условите на граѓаните во тие населени места, како и капитални проекти од високоградба. На крај би сакал да Ве замолам да ги оставиме на страна дневната политика и интересите на партиите и нашите политички субјекти, Битола е поважна од се.
Следната година е изборна, да ги оставиме недоразбирањета и разликите за време на политичката кампања. Сега е потребно да се обединиме, бидејќи има државни фондови, кои не смееме да ги пропуштиме заради нашите локални политички несогласувања. На крајот граѓаните се тие кои најдобро знаат кој, што и колку сработил, дали се исполнети ветувањата дадени за време на кампањата или не и тие тоа ќе го кажат ова време идната година. Заради овие причини, но и заради законската можност, согласно Законот за буџетите, програмите за развојни планови да мора да се донесат заклучно со 15.11.2024 година, би сакал да Ве замолам во интерес на граѓаните на оваа седница да се најде заеднички јазик и да се донесе програмата за развојни планови за периодот од 2025 до 2027 година, која е составен дел од предлог буџетот за 2025 година, кој ќе се најде пред Вас на разгледување веќе на почетокот на месец декември, порача градоначалникот Тони Коњановски.