Во чест на 150 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков, авторот на
првата книга и првото списание на современ македонски јазик, беше
одбележан патрониот празник на општинското основно училиште „Крсте
Петков Мисирков“ од Бистрица.
Утринава, градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски,
директорката на училиштето Татјана Апостоловска Ѓорѓиевска и
претставници на наставниот кадар од училиштето, пред споменикот на Крсте
Петков Мисирков во градскиот парк кај Саат кулата во Битола, подигнат во
негова чест, положија свежо цвеќе.
На денот на раѓањето на кодификаторот на македонскиот литературен јазик
и правопис Крсте Петков Мисирков, одбележувањето продолжи со програма
подготвена од учениците во централното основно училиште во селото
Бистрица, на која присуствуваше и градоначалникот Коњановски.
Истовремено во 13-те подрачни училишта, во населените места кои
гравитираат околу селото Бистрица, се одржаа активности за одбележување
на патрониот празник и на Македонски и на Албански јазик.