2win800x200

Се асфалтира локалниот пат за село Цапари

Ноември 18, 2024
По подготвителните активности, кои се одвиваа изминатиот период, од денес се реализира финалната фаза на проектот „Реконструкција на општински пат во населеното место Цапари“.
Асфалтирањето, кое што започна денес и ќе се одвива во наредните неколку дена, зафаќа патна инфраструктура во село Цапари во должина од 1478 метри, за што од општинскиот буџет се инвестираат 10.451.060 денари.
За време на подготвителните активности, градоначалникот Тони Коњановски потенцираше дека ова е еден од проектите со кои локалната самоуправа инвестира во подобрување на инфраструктурните услови и во руралниот дел на општината.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани