АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Без провокации, бугарското здружение „Балкански мост“ од Битола чии претседател е Љупчо Јошевски, не експониран во јавноста, со пријателски тенис турнир ги омекнува политичките тензии меѓу двете држави. Тенис натпреварот меѓу клубот „,АТП ПЕЛИСТЕР 1979“ од Битола и Тенис академија ,,Нушеви" од Петрич, Р. Бугарија, се одржал на 16 и 17 ноември под мотото „ЗАЕДНО МОЖЕМЕ“ во Битола.
На натпреварот лично бил присутен и бугарскиот генерален конзул во Битола Николај Димитров, како покровител заедно со Амбасадата на република Бугарија во Скопје и Министерството за надворешни работи на Бугарија.
Од Здружението „Балкански мост“ велат дека –„Како што беше мотото, така и стана. Докажавме вистински дека заедно можеме. На крајот од натпреварите и учесниците и гостите си тргнаа презадоволни. Таа беше идејата. Продолжуваме напред, спортот и културата се огромен мост на одново зближување “, велат од здружението и најавуваат напролет возвратен натпревар во Бугарија.