АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ЗК Пелагонија Битола со соопштение до јавноста
Во врска со објавената информација за предлог поведување на стечајна постапка врз најголемиот земјоделски комбинат во земјава ЗК Пелагонија АД Битола, сакаме да ја информираме јавноста дека ЗК Пелагонија ја плати својата обврска кон Бетон Штип, со што е отстранета причината за поведување на стечајна постапка.
Комбинатот продолжува со своето редовно работење и финализирање на есенската сеидба. Во моментов се посеани 6500 ха есенски култури, што во услови на незапаметена суша во последните години е голем успех за сите вработени и за комбинатот, кој и покрај ниските приноси и финансиски приходи од пролетните култури, успешно ќе ја заврши сеидбата на пченица.
Сакаме да информираме дека последниве 3 години се соочуваме со голема суша, намалени приноси како резултат на климатските промени и екстремно ниски цени на земјоделските производи што не доведоа во ситуација да се соочиме со намалена ликвидност. Очекуваме дека во нареден период ќе се зголеми свеста во Македонија за важноста на нашата дејност, производството на храна и дека и државата и банките ќе имаа посериозен пристап за помош и развој на оваа важна стопанска гранка.